Рождество Христово, Божик – Архиерејска Божествена Литургија во Битола

На 07.01.2019 г., кога го празнуваме светлиот празник на Христовото Раѓање, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Василиева Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините, Господи, Слава Ти.