Отсекување на главата на Свети Јован Крстител – Празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Јован Крстител“ – Германски гробишта, во Битола

На 10.09.2019 г., во предвечерието на празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител,   Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот  посветен на Светиот Претеча, во Битола.

Ученичката на селукавиот ѓавол играше и, за награда, Претечо, ја прими Твојата глава. О гозбо со крв исполнета! Подобро ќе беше за тебе да не се колнеш, безакони Ироде, внуче на лагата. Но, иако се заколна, не за добро се заколна. Подобро ќе беше за тебе да ја прекршиш клетвата и живот да заработиш, отколку да ја одржиш и да ја отсечеш главата Претечева. А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.

(Стихира на Господи Возвах)