Недела на Свети Григориј Палама – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“, во Ресен

На 24.03.2019 г., во Втората Недела од Великиот Пост (Недела на Свети Григориј Палама, кога го празнувавме споменот на Свети Софрониј, патријарх ЕрусалимскиСветиот маченик Пиониј и другите со него  и споменот на Преподобен Георгиј Синаит, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на јеромонахот Спиридон (Поповски), протоереите Сотир Гочевски, Михаил Матвеев, Горан Кутлешовски и ѓаконот Константин Сековски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“, во Ресен.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Синко, ти се проштеваат гревовите твои!“ (сп. Марко 2, 5).

Браќа и сестри, слушнавме од денешното Литургиско Свето Евангелие, како Господ, кога бил во еден дом и таму многу народ се собрал, а Он ги лекувал од секакви болести.

Таму, во Капернаум имало и еден фатен човек, односно парализиран, и тој не можел никако да се излекува, а неговите пријатели, кои го сакале многу, одлучиле да отидат и да го однесат парализираниот кај Господа Исуса Христа, за да Го излекува…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»