Дали сите веруваме во ист Бог?

Одамна се појави модерно мислење, а денес истото продолжува да се шири, дека сите религии зборуваат за еден и ист Бог. Во една прилика слушнав како една жена расудува за своите нови соседи од муслиманскиот Дагестан: „Тие сѐ исто така верници, исто така сѐ молат, но за волја на вистината, на свој начин, не како нас. Но што има врска, Бог е сеедно ист – и кај нас и кај нив“.

Се согласувам со фактот дека сите живееме во свет, каде луѓето со различни убедувања се секојдневно во контакт, заедно работат или едноставно се возат во ист автобус, живеат во ист влез, посетуваат исто училиште. Верската традиција на другите луѓе треба да се почитува, но никако не смееме да бидеме топло- ладни спрема својата вера.

Ајде да подразмислиме за тоа, дали сите религии зборуваат за еден Бог? Не, туку само монотеистичките. Ако за пример ја земеме скандинавската митологија или грчко-римската, ќе забележиме дека таму има прилично сложен пантеон на богови. Тука нема ни збор за „еден бог“. А ако зборуваме за монотеистичките религии – јудеизам, ислам и христијанство, се појавува големо искушение да кажеме дека веруваме во еден и ист Бог, само Му се молиме и поклонуваме на различни начини, но сите тие овоземски разграничувања немаат значење на небото.

И навистина, секој христијанин, и секој муслиман, и секој јудеец ќе се согласат со тврдењето дека Бог е и Творец на едниот – свет. Друго е прашањето како ние си Го претставуваме себеси? А сите тие три религии го претставуваат Бога сосема поинаку.

Ќе земеме како пример да зборуваме за некој човек. Тоа нека биде генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутиерес. Некој вели: „Тој е само седумдесетгодишен маж, со бела коса, среден раст и згоен“. Меѓутоа друг тврди: „Се разботи за слаб, висок четириесетгодишник“. Дали ние зборуваме за ист човек? Да. Но првиот човек го опишува на еден начин, а другиот целосно поразлично. Логиката налага дека еден од нив говори правилно, а другиот погрешно. Но лесно е да се дојде до вистината кога зборуваме за човек. Напиши го неговото име на интернет пребарувач и ќе ги добиеш сите податоци за него.

Кога зборуваме за Божјите својства, тоа е тешко да се провери. Ние поинаку ќе зборуваме за Бога од муслиманите и јудејците. И тоа не е неважно несогласување во мислењето, прашањето е следно: дали ќе го препознаеме Бога кога ќе се најдеме лице во лице со Него, или не?

Можеме да наведеме ваков пример: сме решиле да изградиме одреден објект и сѐ советуваме со градежници. Некој од нив тврди, дека цигла со број 75, со таква и таква дебелина, не одговара на изградба на висока зграда, а друг пак велит, дека цигла со таков број е десет пати поиздржлива и дека сосема одговара на потребите од дадениот проект. Кој е во право, а кој не? Ако градиме објект тргнувајќи од неточните ставови за својствата на потребниот градежен материјал: цигли, бетон, метална конструкција итн., зградата ќе се сруши и ние ќе настрадаме. Доколку направиме правилна пресметка, зградата цврсто ќе се држи.

Многу е посериозно прашањето кога зборуваме за Господ, бидејќи сме повикани да го подражаваме Него и Неговите одлики. Со тоа се согласуваат и муслиманите, и јудејците. Но, ако ние различно ги претставуваме тие одлики ќе тежнееме кон различни цели. Муслиманите и јудеите го доживуватт Бога на раличен начин. Дури и католиците и протестантите поинаку зборуваат за Бога од православните.

Причините за прекин на евхаристиското  општење со католиците, како и со сите други еретици со кои своевремено Црквата ги прекинала односите, сѐ сведуваат на тоа дека Црквата е олицетворена во Светите Отци и Вселенските Собори и сметала дека лажните погледи за Бога се недопустливи, бидејќи неминовно ќе доведат до катастрофа во сферата на духовниот живот и ќе станат пречка на патот кон спасението.

Некој ќе рече, каква врска има тоа? Живеј како што ти наложува совеста, моли се на Бога како што умееш. Но работата е во тоа, дека ако човекот просто се обидува да ги направи првите чекори кон Бога: да живее по совеста, да не им прави лошо на ближните, ако почне да учи молитви итн.., тогаш судејќи по сите тие карактеристики, православниот ќе личи на католик и на протестант. Сепак, што посериозно сѐ однесуваме спрема духовниот живот, што подлабоко проникнуваме во практикување на аскезата, во догматите на верата, така раликите помеѓу нас ќе се зголемуваат.

Зборувајќи условно, тие православни кои понекогаш навраќаат во црква, кои не се молат дома, не се придржуваат до постот и сѐ причестуваат можеби еднаш годишно, практично не се раликуваат од католиците, кои исто така постапуваат. Но, на пример, православниот монах аскет и монах аскет католик многу повеќе се разликуваат – и во своите постапки, подвизи, а исто така и во односот према Бога. А католочките и православни светители кардинално се раликуваат едни од други. Ако погледнеме на што повикува Фрањо Асишки, а на што Преподобен Серафим Сарофски, ќе сфатиме дека тие подвизи воопшто не се поклопуваат.

Фрањо Асишки се обиде да се уподоби на Христа во надворешна смисла. На пример, тој, како и Христос сѐ обиде ништо да не јаде четириесет дена, но сакајќи да демонстрира скрушеност, изеде пола просфора. Тој жеднеел за тоа да ги претрпи сите маки како и Христос. Се одрекол од богатство – постои дури и фреска „Женидба на Фрањо и Бедата“, каде е претставен како ситен и многу непривлечен на дамите. Но суштината не е во отсуство или присуство на богатства – се спасува само преку соединување со Христос. А, за човек да се соедини со Христа, неоподно е да Му се уподоби Нему. И тука гледаме голема разлика помеѓу Свети Серафим Сарофски и Франо Асишки.

Да се потсетиме на најпознатиот подвиг на Преподобен Серафим Сарофски, кога тој илјада денови и ноќи стоеше на камен и се молеше: „Боже, биди милостив кон мене грешниот“. Тој видел дека неговата гревовност не одговара на идеалот кој нам ни го зададе Христос. И сфаќајќи го тој свој пад, тој се молеше само за милост Божја. Од друга страна, Фрањо тврдеше дека нема ниеден грев кој не е искупен со исповедта и покајанието. Во животописот на Фрањо Асишки е наведено дека Христос после смртта го сретнал и одвел до Бога Отца, а Отецот на момент се збунил и не можел да распознае кој од нив двајца е син по природа, а кој по благодат. Преподобен Серафим не би се осудил да каже дека нема ниеден грев, кога илјада денови и ноќи  го молеше Господа да му ги прости гревовите.

Мораме да разбереме на што треба да се угледаме во овој живот. Изборот на Фрањо Асишки или Тома Кемпински, или Игнациј Лојола и нивниот наин на подржавање на Христа се неприфатливи за православниот подвижник. Тоа се различни погледи помеѓу католиците и православните.

Протестантизмот веќе во многу поголема мера отстапува од православното поимање на Бога, а исламот и јудеизмот сѐ уште подалеку од него. Затоа е невозможно да се зборува за еден ист Бог во раличните религии.  Да, Бог е еден. Ако им речеме на муслиманите: „Му се молиме на Бога, кој го создаде овој свет“ тие ќе се согласат со нас. Ако речеме дека Он е Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, тие ќе не разберат. Но кога ќе дојдеме до конкретни својства или карактеристики за Бога, тука веќе се разединиме со муслиманите. Нивниот описи за Алах целосно се разликуваат од нашиот опис за Бога. И, тука веќе никако не можеме со нив да зборуваме за Единствен Бог. Тука ќе биде истата ситуација како со генералниот секретар на ОН. Едни ќе си го претставуваат како дебел старец, од среден раст, а други ќе го доживуваат во склад со своите описи. И ако им се укаже можност да се сретнат со тој човек, кој од тие двајца ќе го препознае? Така и ние ќе Го препознаеме Бога, ако имаме правилна претстава за Него, бидејќи кон Него се стремиме  целиот свој живот и кон Него ја обраќаме сета наша љубов, па макар и на тој пат да доживуваме падови.

Митрополит Калушки и Боровски Климент

Превод од српски: Младен Јовчески, дипломиран теолог

Извор: https://pravoslavie.ru