Богојавление – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 19.01.2019 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола.

После Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар го отслужи чинот на Големиот водосвет, а потоа во осветените води го положи Чесниот и Животворен Крст.

Од осветените води, Светиот Крст го извади 22 годишниот битолчанец  Јове Стојчевски.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Божествената благодат која спасува ни се јави денес!

Браќа и сестри, многу столетија во Стариот Завет, луѓето очекуваа да се јави Бог. На нашите прародители со првото Евангелие им беше ветено, дека ќе дојде Месијата, односно Спасителот на светот.

Бог и во Стариот Завет, многупати на различни начини се јавувал на луѓето.

Додека нашиот прародител Адам бил во рајот, уште пред да биде создадена жената…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»