Задушница – Света Архиерејска Заупокоена Литургија во Свети Димитриј

На 26.05.2018 г., во саботата пред Духовден, кога молитвено си спомнуваме за сите упокоени наши отци, браќа и сестри, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Заупокоена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола.

Со душите на починатите праведници, Спасителу, упокој ги душите на Твоите раби, прибирајќи ги во блажен живот, кој е во Тебе, Човекољупче.

Во Твојот покој Господи, кај што сите светии се упокојуваат, упокој ги и душите на Твоите раби, зашто Ти си единствен Човекољубец.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Ти си Бог Кој слезе во адот и веригите на окованите ги раскина, Ти Самиот, упокој ги душите на Твоите раби.

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

Единствена чиста и непорочна Дево, која безсемено си Го родила Бога, моли да се спасат нивните души!