Втор ден Велигден – Архиерејска Литургија во Прилеп

На 09.04.2018 г., на Вториот ден од Светлата седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение, во Прилеп. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Ден е на Воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна.

Христос Воскресна од мртвите.

Да ги очистиме чуствата, и ќе го видиме Христа како болска со непристапната Светлина на Воскресението, и ќе го чуеме како вика: радувајте се, пеејќи ја песната победничка.

Христос Воскресна од мртвите.

Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот – видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Дево сенепорочна, пределот на смртта го уништи, кога Го роди вечниот Живот – Христа, Кој денес од гробот засветли, и светот го просветли.

И сега и сегогаш и во вечни векови. Амин!

Откако го виде твојот Син и Бог, Кој воскресна, радувај се со апостолите, богоблагодатна и Чиста! И пак велам: Радувај се, зашто ти си првата што ја прими благовеста за спасението, како причина за радост на сите, Богомајко Сенепорочна.

(Од Пасхалниот Канон)