Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста) – Архиерејска Литургија во Прилеп

На 04.12.2018 г., кога го празнувавме Воведението на Мајката Божја, Пресвета Богородица во храмoт (Пречиста), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение во Прилеп.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Со твоето раѓање богоневесто, си влегла во храмот Божји да се воспитуваш!“

Браќа и сестри, денеска го празнувме воведението на Божји на Мајката Божја, Пресвета Богородица, во храмот Божји како малечко тригодишно дете. Според ветувањата на нејзините родители, Светите Јоаким и Ана, кои ја испросиле со горешти молитви и му ветиле на Бога дека ќе му ја предадат Нему, бидејќи од Него и ја испросиле и добиле, па така, кога се наполниле три години…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»