Триесет и прва недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот Светa Великомаченица Недела, во Битола

На 30.12.2018 г., во Триесет и првата недела по Педесетница (Недела на Светите Праотци), кога го празнуваме споменот на Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил и Преподобните новомаченици Пајсиј и Авакум; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Света Великомаченица Недела, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

 Прогледај! Верата твоја те спаси” (Лука 18, 41- 42).

Браќа и сестри, сите ние имаме од Бога дадено дар, а дарот што ни го дал Господ е нашето тело, со сите органи што ги има телото. За да го чувствуваме и доживуваме овој свет што го созал Господ, Он ни дал очи, па така, чевекот со телесните очи, ја гледа сета убавина што ја создал Господ, го гледа …

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»