Три основни грешки кои ги прават верниците на празникот Преображение

Првата грешка, која се повторува секоја година од страна на верниците, е тоа што главен акцент ставаат, нè на Христос Кој се Преобрази, туку на грозјето кое се принесува за осветување.

Нема ништо лошо, во чинот на самото осветување на грозјето, туку во тоа што ние главен акцент ставаме на грозјето, а не на Христос.

Воопшто, колку помалку внимание оддаваме на второстепените работи, кои не влијаат на спасението на нашите души, толку подобро.

Преображението на Спасителот наш Господ Исус Христос, за нас има важно онтолошко значење. Тоа ни ја покажува вистинската убавина на човечката личност, а исто така, и состојбата во која ние ќе се наоѓаме после Второто Христово доаѓање.

Славата на Преображението ќе стане сопственост на сите луѓе, кои во Царството Небесно со Спасителот ќе ја споделуваат радоста.

„Господ се преобрази не без причина, туку за да ни го покажи нам, идното преобразување на нашата природа и Неговото идно доаѓање“, – пишува Свети Јован Златоуст.

Втората грешка, – е не земањето учество во празничната служба и не пристапувањето кон Светата Причест. Многумина имаат свои различни објаснување.

Во тој ден, христијаните треба да се исповедаат и причестат, и да ја вознесат својата молитва кон Бога, со цел, преку Преображението Господово, барем малку да се доближат кон своето сопствено преобразување.

Третата распространета грешка, – е верата во различните предмети.

Со болка и тага набљудуваш, како луѓето низ прсти, ја пропуштаат благодатта, која Бог ни ја дава.

Луѓето бараат знаци, го очекуваат крајот на светот, веруваат во хороскопи и различни предмети, а истовремено се откажуваат од најглавното нешто во нашиот живот, – од животворната сила на Божјата благодат.

Во Црквата Божја, сè е осмислено, сè е потчинето на евангелската логика, сè служи за спасение на нашите души.

А суеверието е без логика, длабочина и смисла, бидејќи го одразува само надворешното дејство, без внатрешна содржина.

Ние не треба да им оддаваме внимание на лажните повици и да ги умножуваме душегубните суеверија, измислени од нецрковните луѓе.

Да побрзаме во храмот, да го симнеме од себеси гревовниот товар преку исповедта и да се причестиме со Светите Бесмртни и Животворни Христови Тајни, бидејќи само тогаш Самиот Христос, Кој се Преобрази, ќе ни помогне да ги исполниме заповедите, строго држејќи се до црковното предание. Господ нека биде секогаш со нас, а ако е Господ секогаш со нас, тогаш ние не треба од ништо да се плашиме.

Митрополит Антониј (Паканич)

Извор: https://pravlife.org/ru