Трет Акатист кон Пресвета Богородица

На 09.03.2018 г., во третиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, заедно со свештенството од храмот Пресвета Богородица во Битола, ја отслужи третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.

Ирмос: Овој божествен и сечесен празник на Богомајката празнувајќи го, вие богомурди пријдете, да ѝ пееме благодарно и од неа родениот Бог да го славиме.

Пресвета Богородице, спаси не!

Радувај се, Палато на Логосот, Примеру на обожение; Радувај се, Пречиста, Која ги предвестиш пророците; Радувај се, Украсу на апостолите.

Пресвета Богородице, спаси не!

Од тебе падна роса која го згасна пламенот на многубоштвото, затоа ти воскликнуваме: Радувај се, Дево, Руно одуховено кое Гедеон го виде.

Пресвета Богородице, спаси не!

Ете, гласно Те молиме, Дево: биди ни во опасноста пристаниште и во неволјите и соблазните потприште!

Пресвета Богородице, спаси не!

Примеру на радоста, облагодати го нашиот разум за да ти пееме: Радувај се, несогорлива Капино, Облаку сесветол кој постојано ги закрилуваш верните.

(Од Канонот кон Пресвета Богородица)