Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски – Архиерејска Литургија во Битола

На 25.12.2о18 г., кога го празнуваме споменот на Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно!“ (сп. Мат. 5, 3).

И денешниот светител кој го празнуваме, Светиот Спиридон, епископот Тримифунтски, е блажен, браќа и сестри, зашто што бил беден или скромен по дух.  Бедни и скромни по дух, се оние луѓе, кои ништо не сметаат за свое, туку сè што имаат, дали е тоа имот, дали е тоа некакво друго богатство, дали е знаење, дали е наука, дали е положба, дали е некој постигнат успех во животот или кариера, тие ништо од тоа не сметаат за свое…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»