Свети Наум Охридски – Архиерејска Божествена Литургија

На 05.01.2017 г., кога го празнуваме споменот на Свети Наум ОхридскиСветите десет маченици на КритСвети Нифонт Чудотворец; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на Свети Наум, во Битола. 

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Тропар, глас 4:

Соединувајќи се со Христа си го оставил светот,  живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави нè од искушенија.