Седумнаесетта недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во манастирот „Свети Апостоли Петар и Павле“, во Црнеец

На 23.09.2018 г., во Седумнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченички Минодора, Митродора и НимфодораСветата царица Пулхерија, Светите Аполос, Лукиј и КлиментСтарец Тихон Светогорец и Свети Потин Лионски; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во манастирскиот храм „Свети Апостоли Петар и Павле“, во село Црнеец.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, изврши осветуање на монашки конаци.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„О, жено, голема е твојата вера“ (сп. Мат. 15, 28), и рекол Господ наш Исус Христос на жената Хананејка.

Откако многу народ тргнал по Господа Исуса Христа во Јудеја, Господ одлучил да отиде и во земјата Тирска и Сидонска.

Оваа земја, била незнабожечка земја, браќа и сестри, односно таму имало темнина и мрак, и токму затоа Господ Исус Христос отишол таму.

Тогаш кон него пристапила оваа жена Хананејка, и почнала да вика со силен глас: „Исусе, сине Давидов, помилуј ме грешната!“ (сп. Мат. 15, 22).

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»