Приказна за главното оружје на ѓаволот

Пред многу години ѓаволот одлучил да ги продаде сите алатки од својот занает. Тој уредно ги изложил алатките на излог за да можат сите јавно да ги видат. Што сè имало во неговата колекција? Таму имало брилијантен нож на зависта, а до него лежел чеканот на гневот. На другата полица бил поставен лакот на страста, а до него живописно биле поставени отровните стрели на ненаситноста, страста и љубомора. На посебна полица бил изложен огромен сет на мрежи на лагата. До нив се наоѓале алатките на унинието, среброљубието и омразата. Сите тие биле убаво претставени и етикетирани со името и цената. На најубавата полица, покрај сите други инструменти, лежел мал и обичен дрвен клин, на чија етикета пишувало „Гордост“. Изненадувачки, цената на оваа алатка била повисока од сите други алатки кои биле изложени за продажба. Еден минувач го прашал ѓаволот зошто толку скапо го продава овој чуден клин, а тој му одговорил:

Јас навистина го ценам овој клин повеќе од сите, бидејќи тој е единствената алатка во мојата колекција, на која можам да се потпрам, ако сите други се покажат како немоќни”. И тој со нежност го погали дрвениот клин.

Ако успеам да го забијам овој клин во главата на човекот “, продолжи ѓаволот”, тогаш тој ги отвора вратите за сите останати инструменти.

Иивор: http://www.smisl-zhizni.ru