Преображението Господово – Архиерејска Вечерна Богослужба во Прилеп

На 18.08.2018 г., во предвечерието на празникот Преображение Господово, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна Богослужба во храмот „Свето Преображение“, во Прилеп.

Откако се преобрази на Гора висока, Спасителу, имајќи ги со себе врховните ученици, си засветлил преславно, покажувајќи со каква божествена слава ќе се удостојат оние што светат со своите врвни добродетели. Мојсеј и Илија, кои разговараа со Христа, покажуваа дека Он е Господарот на живите и на умрените, Бог Кој порано зборуваше преку Законот и преку пророците. За Него сведочеше и гласот на Отецот од светлиот облак, велејќи: Него послушајте Го, бидејќи Он со крстот ќе го заплени адот, и на мртвите живот вечен ќе им дарува.