Празнична Вечерна во Боримечка

На 21.05.2018 г., во предвечерието на празникот на преносот на моштите на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи празнична Вечерна Богослужба во храмот посветен на „Свети Никола“, во Боримечка.

Откако се собравме, празникољупци, со молебни песни радосно да го восфалиме чесното пренесување на моштите на нашиот застапник, кој сите страни ги посетува со чудеса, и нажалените божествено ги утешува, онеправданите ги избавува, кој со милостина го задолжува Бога, и поради тоа прима стократна награда. Кон него сите ние викаме: Светителу Николае, помоли се на Спасителот на сите, да го смири светот, и да ги спаси душите наши.