Празнична Вечерна во манастирот Свети Јован Крстител – Слепче

На 29.04.2018 година, во предвечерието на празникот на новоканонизираниот свештеномаченик Кипријан Слепченски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба, во манастирот Свети Јован Крстител, во Слепче.

Сакајќи ревносно на Бога да Му послужиш, Кипријане оче, во манастирот се всели, оставајќи ја суетата световна, со венец двоен се овенча, страдајќи смело за Христа Господа, со Него совоскресна.