Осветување на манастирскиот храм Покров на Пресвета Богородица, во месноста Чалма – Прилеп

На 13.10.2018 г., кога го празнуваме споменот на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски, споменот на Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи и споменот на Свети Михаил, прв митрополит Киевски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар изврши Големо осветување на новоизградениот манастирски храм посветен на Покровот на Мајката Божја, Пресвета Богородица, во месноста Чалма – Прилеп.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Се зарадував кога ми рекоа: „Ќе одиме во домот Господов.” (Псал. 121, 1).

И ние, браќа и сестри, денеска многу се зарадувавме, кога сите заедно дојдовме во овој Божји дом да го осветиме, и ние свештенослужителите, и вие верните,  и да се помолиме да слезе Светиот Дух врз овој Свет храм.

Не заборавајте дека, кога се осветува храм Божји, благодатта Божја изобилно слегува врз тој храм, бидејќи тука во Светиот Престол ги полагаме Светите Мошти, односно Свети честички од Светители, кои своите животи ги положиле за нашата Света Православна Вера…

(Аудио) «Аудио проповед на Митрополитот г. Петар»