Непотребен срам

Нетреба да се срамиме од Христа. Слушате, што говори Он? „Кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род“(сп. Марко 8, 38), тогаш во Денот на Судот и Он Сам ќе се „срами“ од него. Во недела наутро од дома одиш во храмот, и те запрашуваат: „Што, во црква ли одиш?“ Бог да те запази од срамно извинување: „Па, да. Знаете, јас верувам, и затоа одам. Навикнат сум на тоа. Јас не сум фанатик – само сакам да го слушам хорот“. Или нешто слично.

Смело говори: „Верувам и исповедам. Го славам Христа според мерката на моите сили“. Не им говори сам на соседите: „Јас в црква ќе одам“. Не те тргаат за јазик. Но ако сами те прашаат, не срами се смело да им кажеш, дека веруваш во Синот Божји. Инаку ќе паднеш под чеканот на неговите зборови, кои ќе те здробат и срамнат. И Он самиот подоцна ќе се срами од тебе.

Нас заради Христа сеуште не нè гонат, не нè бркаат од работа, заради верата не нè бијат по лицето, иако на некои места, стјуардесите и медицинските сестри, ги отпуштаат од работа заради носење на крст на градите. Во толерантниот Запад. Но ние го немаме ова. Сеуште не. Но сепак ние, внуците на новомачениците, поцрвенуваме и се срамиме, кога треба да ја сведочиме верата.

Кога ќе не прашаат: „Зарем во храм одиш? Во Бога веруваш?“ Ти одговори им: „А што, ти не одиш?“ Ним нека им биде срам, а не нам. Срамно е да не се верува. Да се верува не е срамно.

Време е, браќа, смело да го исповедаме Христа. Верувам во мојот Господ. На Неговиот Крст се поклонувам. Неговото Раѓање од Дева го славам. Неговото Воскресение го исповедам. Постојат илјадници секојдневни ситуации во кои звукот на овие зборови е соодветен и оправдан.

Ние просто не веруваме во Бога.  Да се верува во Единиот и Семоќен Бог е добро, но тоа е малку. Тоа е драгоцено, но е недоволно. Ние веруваме во Синот Божји, во Светлина од Светлина, во Бога вистинскиот од Бога вистинскиот. Со Неговото име се спасуваме и со Неговото име имаме изобилен живот.

За умот е неразбирливо, како човек со ум и совест, човек со жива душа, може да го негира Бога, и да не го признава Живиот Почеток на целиот живот. Атеизмот според природата е глупав и одвратен. Имено е глупав и вистински одвратен. Но, и признавањето на постоењето на Бога, повторувам, не е доволно за да влеземе во нов живот. Потребна е вера во Христа, родениот од Дева Богородица, кој бил убиен на Крстот и Кој ја победил смртта со Воскресението. Оваа апостолска вера, ова семе, кое може да порасне во големо дрво, можат да го носат сите христијани по целиот свет без исклучок, а не само свештенството на богослужбите во неделите и празниците.

Всушност, ова е поентата. Атеизмот, кој е роден од советската, болшевичка инерција, кој е генериран и потопуван во современата суета,  во грешните страсти и во секојдневната глупост, преку просто и елементарното незнаење, сите ние треба креативно да го надминеме. Понекогаш сето тоа е потребно, за да не се срамиме од името на безгрешниот Човек, Кој примил  Крсна смрт. „Јас сум христијанин“ – тоа е големо име, кое ја отвора вечноста на бесмртна душа.

Бидете подготвени, браќа и сестри, со нежни души, дека вас ќе се нарекувате фанатици и будали. Тие сигурно така ќе ви се обраќаат и ќе ве нарекуваат. Секој исповедник на името Христово е обврзан барем еднаш да го почувствува самиот огорчен пламен на сатанската омраза. Дозволи барем малку, но и тоа малку, ќе биде доволно, за да ја дознаеме силата на евангелските зборови и да се приклучиме во непрестајната борба на темнината со Светлината.

Ако вас заради Христа,  сеуште не ве обвинувале, не ве осудувале и не ве сметале за „допирливи“, тогаш е сосема можно, дека вие верувате на свој начин. Верувај во некоја удобна вера, од која ниту демоните се плашат, ниту ангелите торжествуваат. Но, вреди да го дадете своето бедно срце, во прободените раце на Исуса Христа, кога наскоро ќе го слушнете крикот од адскиот пламен и лично ќе дознаете, во што се разликуваат бабините приказни од животот во Светиот Дух.

Кон земна среќа, ние никого не повикуваме, иако немаме ништо против земната среќа. Но земната среќа, е премногу слаба и нестабилна. Ќе полета, и ќе ја снема.

Апостолската Црква не повикува на вечен живот. За почеток на сето тоа, е потребно, под никакви околности да не се срамиме од носењето на крст на градите, ниту од името „христијанин“, ниту од својата припадност кон Црквата Христова.

Протоереј Андреј Ткачев

Извор: http://www.pravoslavie.ru