Недела на Торжество на Православието

На 25.02.2018 год., во Неделата на Торжество на Православието, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј во Битола.

После Литургијата, светите икони беа изнесени за поклонение во храмот.

„Ние, кои од безбожноста во набожност минавме, и со светлината на Богопознанието се просветливме, псаломски со рацете да заплескаме, благодарствена похвала на Бога принесувајќи Му, и на свештените ликови на Христа, на Пречистата (Богородица), и на сите светии, насликани на ѕидови, штици и на свети сосуди, чесно да им се поклониме, отфрлајќи ја верата на злобните еретици, (бидејќи, како што вели свети Василиј, честа на иконата минува на првообразот) барајќи, по молитвите на Твојата пречиста Мајка и на сите светии, да ни дарува милост голема“.

(Стиховна стихира, сабота  веч. 1 нед. Вел. Пост)