Недела на Свети Јован Лествичник – Архиерејска Литургија во Битола

На 18.03.2017 г., во Четвртата недела од Великиот пост, посветена на Свети Јован Лествичник, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Василиева Литургија во соборниот храм Свети великомаченик Димитриј, во Битола.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Свети Јован го умртвуваше телото додека беше жив, Затоа сега живее вечно, иако е мртов по тело. Во списот Рајска скала (Лествица), што ни го остави, Ни го опишува својот пат на искачување (кон небото) Јован умре во триесеттиот ден. Кога тој имаше 16 години, бидејќи беше остроумен, се принесе себе си како света жртва на Бога, кога се искачи на Синајската Гора. Потоа, по 19 години, се предаде на безмолвие за време од 40 години, во манастирот Палестра, на местото наречено Тола, горејќи секогаш со љубов кон Бога. Јадеше се што беше дозволено според заповедите, но мошне умерено, совладувајќи ја мудро горделивоста. Но кој ќе го опише изворот на неговите солзи? Спиеше само колку да не ја повреди природата со бдеењето. Неговата молитва беше pостојана, а љубовта кон Бога неизмерна. Живеејќи така богоугодно, ја напиша и книгата Лествица (Рајска скала), во која го изложи своето учење за духовното усовршување, како и други книги, и се упокои во Господа. По неговите молитви, Боже, помилувај нѐ и нас и спаси нѐ.

(Од синаксарот во четвртата недела на Великиот Пост – Крстопоклона)