Недела на Самарјанката – Архиерејска Литургија во Ресен

На 06.05.2018 г., во Петтата недела по Пасха, Недела на Самарјанката, и на празникот Свети великомаченик Георгиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свети Георгиј, во Ресен.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Стихови: Водата што дојде да ја нацрпеш е распадлива, о жено.
Но ти ќе налееш жива вода, со која ќе ги измиеш душевните нечистотии.
Господ доаѓа во Сихар и, заморен од патот, седна околу шестиот час од денот. Една жена од градот дојде да нацрпе вода, додека учениците беа отидени да купат храна. Исус побара вода од неа. Но таа на прво место го стави фактот дека Евреите и Самарјаните не се мешаат, бидејќи го позна и по говорот и по облеката. Но Тој го издигнува разговорот на ниво на духовната вода која е неисцрпна и очистителна, бидејќи Духот секогаш се споредува со огнот и со водата. Жената, пак, уверена дека Тој нема таква вода, а нема и со што да нацрпе, додава дека кладенецот е длабок. Таа разговорот го свртува на праотецот Јаков, кој го ископа кладенецот, и од него пиеле и тој и овците негови, велејќи дека тој изобилува со вода и дека таа е благопријатна и студена. Сепак Христос не вели за Себе дека е поголем од Јаков, за да не ја исплаши жената,но се врати на темата за Неговата вода, претставувајќи ја за подобра: Оној што ќе пие од неа, никогаш нема да ожедни.
Жената побара од таа вода, а Он и рече да го повика нејзиниот маж, кој ќе ги разбере подобро Неговите зборови. Но таа му рече дека нема маж. Оној што знае се и рече: Добро велиш,бидејќи си ги имала пет,како што пропишува законот, и овој шестиот што го имаш сега, не е твој маж бидејќи незаконски живееш со него.

Некои мислат дека петте мажи ги означуваат петте книги Мојсееви, што ги прифаќаат Самарјаните. Шестиот (маж), тоа се зборовите Христови,
што таа се уште не беше ги прифатила, бидејќи благодатта се уште не беше се излеала врз неа.
Жената пак рече; Од Светото писмо слушаме дека ќе дојде месијата, Кој е Христос. А Исус, познавајќи ја добрата нарав на оваа жена, и рече: Јас, сум Тој!
Тоа е Самарјанката која од Христа е именувана Фотина (Светлана), која за време на царот Нерон се овенча со венецот на мачеништвото, заедно со нејзините седум деца, по долготрајни измачувања.
Треба да се знае грлото или отворот на оној кладенец царот Јустинијан го пренел и положил во црквата Света Софија, како и каменот на кој што седеше Христос и разговараше со Самарјанката. Тие се наоѓаат во припратата на исток, од левата страна влегувајќи во храмот, лекувајќи секаква болест, особено оние со висока температура и треска.
По молитвите на Твојата маченица Фотина и на Свети Георгиј, Христе Боже, помилуј не.  Амин!

(Од синаксарот во Третата недела по Пасха)