Молитвата – е преобразување на душата

Приближувајќи се до Бога, човекот често слуша, дека молитвата е – нјглавното нешто во животот. Но не на сите им се открива длабоката смисла на овие зборови. На почетниците во верата, им е тешко да разберат, зошто е потребно да ги вознесуваат своите молитви кон Бога, да го повторуваат вечерното и утринско правило, да се справуваат со заморот на долгите богослуженија, кои нецелосно се поимливи за она што се случува.

„Молитвата има сила да измени многу работи“, – ние ова често го слушаме, но не го разбираме. Овие зборови се обратен кон секого од нас преку гласот на епископот, свештеникот, а можеби и преку гласот на нашиот ближен, кој е голем верник. Човекот не може да остане рамнодушен, кон тој молитвен подвиг на луѓето, кој е присутен во христијанството две илјади години. Човекот е должен да се моли и да остане христијанин, без разлика на која висина од духовниот развој се наоѓа.

Зошто ние постојано ги читаме истите утрински и вечерни молитви? За да одговориме, на ова прашање, ние треба да разгледаме неколку аспекти. Како прво, тоа се молитви, кои се напишани од свети луѓе, односно од оние луѓе, кои при својот живот ја здобиле благодатта на Светиот Дух, која уште тука на земјата, ги приближила нив кон Царството Небесно. Како второ, никој не им забранува на луѓето да се молат со свои зборови, но секогаш е потребно да помнат, дека во тие молитви кои се наоѓаат во молитвеникот, и кои нам ни ги предлага Црквата, е сконцентрирано сè она, што човекот го бара од Бога, односно сè она за кое треба да се кае, и за кое треба да му заблагодари на Севишниот за сите Негови добрини, кои Он ги излева врз нас.

Молитвата може да ја измени судбината на човекот, а исто така, може да ја измени и судбината на оние, за кои се молиме, односно, молитвата може да измени сè. Затоа Православната Црква, исповедајќи го апостолското учење, секогаш си спомнува на зборовите на Светиот апостол Павле: „Молете се постојано! Благодарете за сè“ (1. Сол. 5, 17-18).

Многу е тешко да се оди по патот на непрестаната молитва. Молитвата – е надеж и средство за живот. Молитвата – е дишење, кое човекот не го остава сам. Молитвата – е разговор со Бога, Кој не дозволува да загинеме, ако бидеме искрени и без ропот сакаме да се сретнеме со Него, да ја видиме Неговата слава и да го здобиеме сето она, што Он за нас го подготвил.

„Потребно е да почнеме од почеток, т.е. да ја говориме молитвата со внимание и стравопочит, со цел да добиеме покајание, и да се грижиме единствено за тоа, овие три работи постојано да бидат присутни во молитвата“, – ни говори Свети Игнатиј Брјанчанинов. Ако ние почнеме да се молиме внимателно и со стравопочит, внесувајќи се во секој збор, тогаш ќе можеме да се справиме со сите искушенија, кои можат да се појават за време на молитвата, и тогаш кај нас ќе се појави чувство на покајание, а тоа ќе не доведе кон постојана молитва. Тогаш ќе почнеме да разбираме, дека треба да се молиме не само за себеси, туку и за оние кои се околу нас – за роднините, ближните и другарите. Како последица на ваквата молитва, ние ќе добиеме способност искрено и срдечно да се молиме и за непријателите.

Молитвата може да промени многу во душата на човекот. Ако ние го возљубиме својот непријател, односно ако го возљубиме човекот кој не навредил и му простиме, тогаш треба да знаеме дека тоа е најголема молитва, и тогаш Господ сигурно ќе не услиша. Чисто срце и посакување сите да се спасат – тоа е она, што Бог го сака од нас, и кон што сме ние повикани.

Молитвите, кои ние ги вознесуваме, – се тоа без кое ние не можеме да живееме. Молитвата – е всушност тој воздух, кој ни помага да ги надминеме страдањата, да му поблагодариме на Бога за тоа, што Он ни дава можност да живееме. Благодарејќи на молитвата, ние стануваме причасници на новата тајна – односно на тајната на битието на Црквата. Ние се каеме за она, кое според својата немоќ, не можеме целосно да го исполниме т.е. Божјите Заповеди, но при тоа, искрено се обидуваме да го примиме Бога, да се оддадеме на Неговата Света волја, и, најглавното, да се молиме непрестајно, да се молиме кога ни е тешко и кога ние е добро, да се молиме на богослужението во храмот, да внимаваме на секој збор, напишан од Духот Божји, преку раката на Светите Божји угодници за нас.

Тогаш ние, сигурно ќе разбереме, дека молитвата може да измени многу. Тогаш ќе ја почувствуваме силата на молитвата. Тогаш таа за нас ќе стане не само збир на зборови и прозби, туку живо средство за достигање на вечните блага во Царството Божјо.

Еромонах Инокентиј (Пидтоптани)

Извор: https://pravlife.org