Литургија на Претходноосветени Дарови

На 04.04. 2018 г., во Средата од Страсната седмица Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Литургија на Претходноосветените Дарови во соборниот храм Св. Димитриј во Битола.

По завршувањето на Литургијата беше отслужена Света Тајна Елеосвештение, која се служи за здравје и спасение, и исцелување на духовните и телесните болести на сите верници.

«Се Жених грядет в полунощи…»

Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е оној слуга што ќе биде најден како бдее, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа внимавај, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, туку разбуди се повикувајќи: Свет, Свет, Свет Си, Боже, по молитвите Богородица, помилуј нè.