Литургија на Претходноосветени Дарови во соборниот храм Свети великомаченик Димитриј во Битола

На 21.02.2018 г., Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, благоволи да отслужи Литургија на Претходно осветените дарови во соборниот храм  Свети великомаченик Димитриј во Битола.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Дојдете, со пост да ги покориме страстите на мислите, откако ќе се покриеме со духовни крилја; та, кога лесно ќе ја минеме бурата предизвикана од непријателот, да бидеме достојни да се поклониме на крстот на Синот Божји, доброволно заклан за светот, и духовно да го празнуваме воскресението на Спасителот од мртвите; да се искачиме на Гората со учениците и да Го прославиме Синот на Отецот, Кој ја прими сета власт, Човекољубецот!

 (Стиховна стихира, среда  утр. 1 нед. Вел. Пост)