Дваесет и седма недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј, во Битола

На 03.12.2018 г., во Дваесет и седмата недела по Педесетница, кога го празнуваме Соборот на семејството на Свети Григориј Палама, споменот на Светиот пророк АвдијСветиот маченик ВарламПреподобен Варлам, Светиот принц ЈоасафСветиот маченик Илиодор и Преподобниот Порфириј Кавсокаливит ; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Лицемеру, зар не го одврзувате вашето магаре и вашиот вол во саботен ден, и не го водите да ги напоите вода? Не требаше ли оваа жена, која сатаната осумнаесет години ја беше врзал, да биде разврзана или ослободена од нејзината болест во саботен ден“ (сп. Лука 13, 15-16).

Браќа и сестри, вака нашиот Спасител Господ Исус Христос се обратил кон старешината на синагогата, а синагогите биле старозаветните храмови, каде што проповедале првосвештениците и свештениците.

Таму во еден саботен ден, Господ проповедал. Кога бил во синагогата или храмот, видел една жена, ја повикал и ја ставил на средината од храмот…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»