Дваесет и прва недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј, во Битола

На 21.10.2018 г., во Дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на  Преподобна ПелагијаПреподобна Таиса и Светата маченичка Пелагија; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Кој има уши да чуе, нека чуе!“ (сп. Лука 8, 8).

Во денешното Свето Евангелие, браќа и сестри, Спасителот наш Господ Исус Христос, на присутниот народ и Апостолите, им кажал една  парабола, а параболата во Светото Писмо, и кај Светиот апостол и евангелист Матеј, и кај Светиот апостол и евангелист  Лука, е именувана како парабола за „Сејачот и за семето“.

Имено, вие што бевте присутни за време додека се читаше Светото Евангелие, ја слушнавте параболата, а за оние што дојдоа подоцна, ќе се потрудиме да ја прераскажеме. Имено, Спасителот Господ Исус Христос ја кажал следнава парабола: Излезе сејач да сее; и кога сееше, семето што го посеа…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»