Благодат

Кога започнуваме да се спознаваме себеси? Спознавањето започнува тогаш кога со нас е благодатта. Тоа е слично на тоа, кога ние започнуваме да го гледаме правот во собата, при силна сончева светлина. Па така преку запазување на заповедите, во срцето на човекот се појавува нетварната Божествена енергија, благодатта на Светиот Дух. Таа го отвара умот за разбирање на Писмата (сп. Лука 24, 45). Што значат зборовите од Евангелието, дека Христос „им го отвори умот за да ги разбираат Писмата“? Умот добива просветување, и преку тоа просветување започнува да ја истражува длабочината на Духот, како што за тоа говори апостол Павле: „А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот испитува сè, па дури и длабините Божји“ (1. Кор. 2, 10). И започнуваме да се насладуваме со Господа, според зборовите на пророкот Давид: „Утешувај се со Господа, и Он ќе ти даде срцето срцето твое што ќе посака“ (Псал. 36, 4). И тогаш започнуваме на неискажлив начин да ја разбираме смислата и значењето на воплотувањето на Бога Словото. Тогаш се просветлуваме  и разбираме, Кој е Христос. Но сепак човек и да живее со тоа, не може со зборови да го пренесе своето знаење и таа состојба на други. Во тоа е причината, што светите отци многу малку работи ни оставиле. Не затоа што сакале тоа да го сокријат од нас, туку затоа што не можеле да се изразат. Некои работи кои се однесуваат на благодатта, можат да се пренесат со зборови, а некои само се искусуваат.

Сето ова го говорам со цел, човекот да умее да ја вкусува благодатта, и да живее со благодатта. Ние се воцрковуваме, не со цел за да се излечиме после смртта. Оној кој се воцрковува, започнува да се исцелува уште при овој живот, наоѓајќи се на патот на осветувањето.

Како може христијанинот да живее според благодатта, и дали може да има завет на безмолвие (молитвено тихување) надвор од монаштвото?

Човек може да живее опитно според благодатта, и во светот, ако тој со одговорност се грижи за своето семејство, и за своите сопружнички односи, ако неговиот црковен живот е правилен, ако изразува љубов, внимание и милост кон другите луѓе. Ако тој сето тоа го прави, тогаш тој не е далеку од Царството Божјо.

А што се однесува до заветот за безмолвие, ќе кажам дека овој завет не зависи од местото, туку од нашата внатрешна состојба. Некои ги делат светите на светители молитвеници, и на свветители мисионери. Тоа е голема грешка. Секој свет отец бил молитвеник, независно од тоа дали он живеел во светот, во пустина и.т.н. Главно е ние да живееме Црковен живот.

Извор: Доброе слово. Алфавит духовны.