Архиерејска Вечерна Богослужба во месноста Чалма, во Прилеп

На 10.12.2018 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски, споменот на Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи и споменот на  Свети Михаил, прв митрополит Киевски; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба во новоизградениот манастирски храм, посветена на Покровот на Мајката Божја, Пресвета Богородица, чие осветување ќе биде утре.