Архиерејска Празнична Вечерна во манастирот Свети Петар и Павле – Смилево

На 11.07.2018 г., во предвечерието на празникот на Светите апостоли Петар и Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот посветен на Светите апостоли, во село Смилево.

Со какви пофални венци да ги овенчаме Петра и Павла? Разделени телесно,  а соединети духовно, први меѓу проповедниците на Бога; едниот како началник на апостолите, а другиот како оној што се потруди повеќе од  другите, зашто нив, навистина,  достојно, со бесмртна слава ги овенчува Христос нашиот Бог, Кој има милост голема.