Зборот љубов е најдолгата молитва – Владика Николај Велимировиќ

Дали постои земна љубов, ме прашуваат соседите. Исто толку, колку што и земен Бог! Земната љубов гори и согорува. Небесната љубов гори и не согорува. Земната љубов, како и сè земно, е само сон и сенка на љубовта. Колку што идолите личат на Бога, толку и земната љубов личи на Љубовта. Колку што чадот личи на пламен, толку и вашата љубов личи на божествената љубов.

Љубовта ме прави бог, а Тебе, Боже, Човек. Каде што е еден, таму нема љубов. Каде што са двајца заедно, тоа е само сенка на љубовта. А каде што са тројца заедно, таму е и љубовта. Твоето име е Љубов, затоа што името Ти е Едносушна Троица.

Ако беше еден, Ти немаше да бидеш ниту љубов, ниту омраза. Ако беа двајца, Ти ќе бидеше некаква алтернација на љубов и омраза. Но Ти си Троица – затоа си љубов и во Тебе нема никаква темнина, нито алтернација на темнина и светлина.

Љубовта не познава време и пространство. Таа е надвор од времето и пространството. За неа, еден ден е како илјада години, и илјада години – како еден ден.

Кога сум соединет со Тебе преку љубовта, тогаш не постојат небото и земјата – постои само Бог. Ниту пак постојат јас и ти – постои само Бог.

Љубовта има три ипостаси: девственост, познание и светост. Без девството љубовта не е милост, туку земна себичност и страст. Без познанието љубовта не е мудрост, туку безумие. Без светоста љубовта не е сила, туку слабост. Кога ќе се обединат страста, безумието и слабоста, тогаш настапува адот, кој што ѓаволот го нарекува своја љубов.

Кога мојата душа е пречиста девица и моето сознание е јасна мудрост, и мојот дух – животворно сознание, тогаш јас сум љубовта, која што се покрива со Твојата љубов. Преку љубовта јас Те гледам како себе си и Ти ме гледаш како Себе Си.

Преку љубовта јас не се гледам себе си, а само Тебе. Преку љубовта Ти не се гледаш Себе Си, а само мене.

Љубовта се жртвува и не ја чувствува жртвата како давање, туку како добивање.

Земни деца, зборот љубов е најдолгата молитва.

Дали постои земна љубов, ме прашуваат соседите. Исто толку, колку и земен Бог! Земната љубов гори и согорува. Небесната љубов гори и не согорува. Земната љубов, како и сè земно, е само сон и сенка на љубовта. Колку што идолите личат на Бога, толку и земната љубов личи на Љубовта. Колку што чадот личи на пламен, толку и вашата љубов личи на божествената љубов.

Кога ќе ја раситнете жолтицата на грошеви, вие не ги нарекувате грошевите жолтица, туку грошеви. Тогаш зошто божествената љубов, раздробена и скршена до пепел од времето и пространството, ја нарекувате љубов, а не пепел?

Господи, удостој ме со љубовта, со која што Ти живееш и даваш живот. Удостој ме со Твојата љубов, и јас ќе бидам слободен од сите закони. Всели ја Твојата љубов во мене, и љубовта ќе ме всели во Тебе.

Свети Николај Велимировиќ

Извор: http://pravoslaven-sviat.org

Превод: Божидар Маслинко