Заповедта Негова е живот вечен – Св. Игнатиј Брјанчанинов

Господ рече: Кој што се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го суди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден. Зашто Јас Сам од Себе не зборувам; но Отецот, Кој Ме прати, Он Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. И знам дека заповедта Негова е живот вечен. А она што зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.” (Јован 12:48-50). Од овие зборови од Господ, видливо е дека ќе бидеме судени од Евангелието и тоа негирање на исполнување на заповедите во Евангелието е всушност одбивање на самиот Господ. Да се погрижиме сите ние, браќа, да станеме исполнувачи на заповедите на Евангелието. Кога ќе дојде смртта е непознато. Можеме ненадејно да бидеме повикани на суд кога најмалку очекуваме. Блажени се оние кои се подготвиле за нивниот премин во вечноста преку живот во согласност со Евангелието! Тешко на оние кои живеат лесно, безгрижните, своеволните, своемислителите! Тешко оние кои не го прекинале своето заедништво со сатаната. Тешко оние кои не влегле во заедништво со Господ! Уште потешко на оние кои живееле со Господ и го напуштиле!

Превод: Дамјан Божиновски