Загриженост за своите деца – Старец Гаврил Светогорец

Некои родители ги ограничуваат своите односи со децата, со тоа што само ги советуваат. А децата немаат потреба од нашите совети. Тие имаат потреба од пример. Нивните уши се затворени за нашите совети, а очите си ги отвораат за да видат пример.
Оној кој советува, гради со една рака. А оној кој советува и дава добар пример, гради со двете раце. Оној кој советува, а дава лош пример, со едната рака гради, а со другата растура.
Кога го учам другиот човек со сопствен пример, од една страна му помагам, а од друга, тоа е полезно и за мене. Ако не се трудам да му помогнам на другиот човек со својот сопствен пример, се уништувам и себеси и другиот човек. И ние треба да бидеме пример, за луѓето да не ги слушаат нашите совети, туку да го гледаат нашиот пример со сопствени очи.

Старец Гаврил Светогорец
Старец Гаврил Светогорец

Еден татко напишал едно писмо. Тој се обратил кон сите педагози, велејќи: „Мои сакани учители, сега се отвораат училиштата и ние ви го доверуваме она, кое ни е најскапоцено – се разбира дека го знаете тоа. Простете, што ве потсетуваме“.
Ние не ги учиме децата она што сакаме, туку ги учиме според нас, според она што сме.
Еден младич раскажувал, дека кога бил мало дете, кај нив дошол еден човек и татко му му дал милостина. И тој, зборувајќи по совеста, мислел дека имал свет татко. Ако децата нè гледаат дека ние меѓу себе се караме, немаме мир и постапувајќи поинаку, ги лажеме, ќе бидеме многу ниски во нивните очи. Нема да нè ценат. И кога ќе пораснат, нема да нè слушаат.
Еднаш, дојдоа кај мене двајца младичи, кои имаа долги коси. Ако таквиот родител му рече на детето да се однесува сериозно, тоа ќе му одговори – а како ти имаш долга коса?
Еден татко му забележал на син му: „Ти ништо не правиш, а Наполеон на твојата возраст стигнал многу подалеку“. А детето одговорило: „Тате, Наполеон на твојата возраст веќе бил голем император, а кој си ти сега?“
И ние не треба да бидеме строги кон своите деца. Слушнете ја оваа случка
Еден младич се верил за една девојка. Татко му не се согласувал со тоа, но тој не го послушал и се оженил. Таткото ја затворил вратата од својот дом за син му. Синот немал работа, немал помош од никаде и го завршил животот со самоубиство.
Тој татко, задоволен ли е од тоа, што му ја затворил вратата од својот дом на сина си?
Само со љубов и саможртва можеме да му помогнеме на другиот човек. Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Родителите кои се караат меѓу себе пред децата, се налик на бик, кој влегол во продавница за стаклени работи, и вртејќи се низ продавницата, се разбира, крши многу стакло.
Ние тука сме многу луѓе, и ако еден за друг се фатиме за раце, и ако има електричен ток, и некој од нас се вклучи на струјата, тој ток ќе премина низ сите нас. Така, кога се караме, таа негативна енергија минува низ сите нас. И тоа зло, кое го носиме во себеси, го предаваме и на другите.
Добриот збор има огромна сила.

Извор: http://pravoslaven-sviat.org