За споменот на Свети Климент – Епископ Климент

… Затоа низ отворените порти на верата, да дозволиме свети Климент да влезе во нашето битие, да навлезе во пределот на нашето секојдневие, да стане наш сопатник низ долината на страдањето, да се здружиме со него и да ни стане пријател, опитен и кадар да помогне за преминот од смрт кон живот. Со негови очи да ја погледнеме динамиката на нашава историска драма. Да погледнеме во сопствената животна приказна, да ги видиме лицата на ближните, да погледнеме во очите на нашиот современик, жестоко измачуван за смислата на своето постоење, да ја видиме слободата на другиот и да ја почитуваме дури и кога е насочена против нас, мирно и достоинствено да ги носиме погледите на нашите непријатели, кои неминовно во историјата секогаш ќе ги има. И тогаш светопавловски ќе разбереме дека својата сила ја добиваме во слабоста, во немоќта. [2 Кор. 12, 9]…

Главата на Свети Климент, во манастирот Св. Пантелејмон, Верија
Главата на Свети Климент, во манастирот Св. Јован, Верија

(Слово за Св. Климент, 2012 г.)

Преземено: Марјан Ивановски