Успение на Пресвета Богородица во Јанковец

На 27.08.2017 г., празнувајќи го Успението на Мајката Божја, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го отслужи Нејзиното оплакување во машкиот манастир на Успение на Пресвета Богородица во Јанковец. 

Утрото, на 28.08.2017 г., со почеток во 08.00, на денот на Успението, Владиката отслужи Божествена Литургија во истиот манастир.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Задостојник, глас 1.

Ангелите, Твоето упокоение Пречиста кога го видоа, се восхитија;како Дева се искачува од земјата на небо? Се победува поредокот на природатаво Тебе, Дево Чиста,зашто, девствува раѓањетои животот се ветува пред смртта.По раѓањето – Дева и по смртта – жива,го спасуваш секогаш,Богородице, Твоето наследство.

IMG_4057 IMG_4064 IMG_4073 IMG_4096

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА