Цветници – Терористички напад во две Коптски цркви во Египет

 Во Неделата на Цветници, експлозии во две Коптски цркви во Египет, усмртија најмалку 44 луѓе, известуваат надлежните.

Експлозија во Коптската црква на Св. Георгиј во Танта уби 27 луѓе. Неколку часа подоцна, нова експлозија во дворот на црквата Св. Марко во Александрија усмрти уште 17 луѓе.

Таканаречената Исламска Држава (ИСИС), ја презеде одговорноста за експлозиите, кои се веќе серија од напади кон христијанското малцинство во државата.

Претседателот Абдул Фатах ал-Сиси ја распредели војската низ Египет.

Во изјава, тој рече дека армијата се испраќа да ја заштити „виталната и значајната инфраструктура“. Владата на Египет објави тридневна жалост.

Во Александрија, Папата Теодор II, главата на Коптската црква, присуствуваше на службата во нападнатата црква, но остана неповреден.

Неколку полициски службеници, вклучувајќи и една жена, беа меѓу убиените, информираат од Министерството за внатрешни работи. Бомбашот самоубиец, ја активирал бомбата откако го запреле да влези во црквата.

 

Повеќе: http://www.bbc.com/news/world-middle-east-39544451