Свети Јован Шангајски – Вечерна Богослужба

На 01.07.2017 г., во саботата од Четвртата Недела по Педесетница, во предвечерието кога ги празнуваме

Светиот апостол ЈудаПреподобен Паисиј ВеликиСветиот маченик ЗосимПреподобен Јован ОтшелникСвети Јован Шангајски;, во храмот Света Троица (Руската црква) во Битола, се отслужи Празнична Вечерна богослужба, со Петтолебие.

На Вечерната чиноначалствуваше Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов, а сослужуваа старешината на црквата Пресвета Богородица, о. Зоран Димовски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски.

19691237_1368699049846099_212630967_n 19691542_1368699909846013_549234518_n

Кондак 9

Целата ангелска природа ја зарадува со влегувањето на душата твоја во небесната обител, а ние восхитувајќи се на земјата на чудата твои пројавени со дејството на Светиот Дух, му пееме на Бога: Алилуја!

 

Икос 9

Многуглаголивите говорници не можат да ја искажаат светата сила на животот  твој, о праведен оче Јоване, светилиште на Бога неизречивиот. Гласно те прославуваме, о чудесно јавување Божјо во нашите маловерни времиња, коленичиме вака:

Радувај се, палато на Божествените заповеди!

Радувај се, мало и кревко обиталиште на ангелската обител!

Радувај се, лествицо со која лесно се качуваме на небесата!

Радувај се, исцелителу кој сите болести брзо ги лечиш!

Радувај се, тајна ризницо на молитвениот подвиг!

Радувај се светло украсен храму на Светиот Дух!

Радувај се Светителу оче наш Јоване, Чудотворче на последните времиња!

19622442_1368702203179117_1299728373_n 19679923_1368698426512828_1153457849_n

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Величание

Те величаме Светителу оче Јоване и го почитуваме светиот спомен Твој, бидејќи ти се молиш за нас на Христос, нашиот Бог.