Раскол

Те сретнав недалеку
Само не измерив далечина
Се разминавме за малку
Иако надвор беше полна месечина.

Прозборе – „во раскол сте
Со вас нема да општиме“
Потоа – едно извини ме
ќе се најдеме друг пат некаде.

Мисли надојдоа
Сами не се најдоа
Дека ја говорат вистината –
Зарем сме брате во небиднина?

Се скаравме – во раскол сме.
Не се поднесуваме.
Кој знае – можда се пизмиме*

Прости Боже за мојот раскол.
Се оддалечив од Твојот јазол
Се одделив од Твоето стадо
Па сега лутам во блато

Но брате,
Jас во раскол сум
Од кога Татков дом навидум
Оставив за да одам некаде.

Во раскол со благодат Божја
Kоја треба да ја задржам – можда
И кога не се исполнува моја волја

А вака брате,
Сигурно немаше да се рушат мостови
Ако беа Божествени Љубови
Вени и артерии обвиткани околу Тебе.

Ако можев, не во писма
Ниту говори лесни
Двата да имаме една мисла
А не две невести.

Една е Она брате.
Црква Христова.
Невеста Негова.
А не различни духови
Произлезени од наши гордости.

Он само низ солзи посака
Едно да сме.
За нас и смртта ја натакна
Само да не се изгубиме.

Не, не кули вавилонски
Туку чеда Божествени
Еден народ – еден Бог
Тоа е на животот залог.

*мразиме

0-02-05-539eba5d7f36fe6d2834a4d3ce1280bca2b395f7b5754b54046a48d27b0a2ded_full

(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)