Монахот алкохоличар

Некогаш на Света Гора живееше еден монах, кој што живееше во Кареа. Пиеше секој ден, се напиваше и даваше поводи да се соблазнат поклониците. Во еден момент умре и со олеснување некои верници отидоа при старецот да му кажат, радувајќи се, дека најпосле тој проблем отпадна.

Отец Пајсиј им одговори, дека знае за смртта на монахот, бидејќи го видел целото ангелско воинство, кое што дошло да му ја земе душата.

Поклониците прашуваа, беа незадоволни, и некои од нив го помолија старецот Пајсиј да им објасни за кого точно им говори, мислејќи, дека старецот не ги разбрал.

Отец Пајсиј им го раскажа следното:

– Тој конкретен монах се роди во Мала Азија, малку преди катастрофата, кога Турците ги собираа сите момчиња. За да не го земат од неговото семејство, неговите родители го земале со себе си на жетвата, и за да не плаче, и да ги издаде, му ставале малку ракија во млекото, за да спие. Поради тоа, кога стана голем се пристрастил кон алкохолот. Лекарите го посоветуваа да не создава семејство и тој отиде на Света Гора и стана монах. Таму пронајде старец и му кажа, дека е алкохоличар. Старецот му определи едно правило: да прави поклони, да кажува молитви, и да ја моли Пресвета Богородица за помош, со по една чаша да ги намалува чашите, кои што ги пие. После една година борба и покајание, успеаја да ги намалат чашите вино, кои што ги пиеше на ден, од дваесет на деветнаесет. Борбата продолжи низ годините и достигна до две – три чаши, но сепак се опиваше и од толку.

Луѓето, години по ред гледаа еден монах алкохоличар, кој што ги соблазнуваше поклониците, а Бог виде еден борец, воин, кој со голема ревност се трудеше да ја намали страста.

Со кое право го судиме оној, кој вложува напори, без да ја знаеме неговата усрдност.

Старец Пајсиј Светогорец

Превод: Божидар Маслинко

Извор: http://pravoslaven-sviat.org/2015/06/23/monahat-alkoholik/