Господ влезе во Ерусалим

Природно е, на крајот на Четириесетницата да чувствуваме некаква измореност, па дури и изнемоштеност, но сепак треба да најдеме во себе сили и вдахновение, достојно да го сретнеме Христос, Кој оди на доброволно страдање, со душите раззеленети како врбови гранчиња, кои зеленеат со живата и живоносна благодат на Светиот Дух. Така што, да го отвориме денес и утре, и во сите свети дни кои следуваат, нашето срце за примање на благодатта Божја, крсната и жртвена благодат. Нека и таа нè вдахновува да одиме по Христос, Кој оди на доброволно страдање. Да одиме по Него, каде и да оди: и во Гетсиманија, и на Голгота, за потоа со Него и да бидеме прославени со славата голготска, крсна, осветлени од вечната слава на Неговото Пресветло Воскресение.

Епископ Троицкиј Панкратиј (Валаамски)