Гледајќи ги нашите промашувања, гинат нашите браќа – Недела на Страшниот Суд

Денес е Недела на Страшниот суд. Претпоследна Недела пред Великиот пост, во која Господ и Бог наш Исус Христос, обраќајќи ни се од страниците на Евангелието зборува за она, што го чека човекот на крајот на патот. Тоа е смртта и застанувањето пред лицето на Божествената справедливост. Лице во лице со Бога.

Знаеме од евангелските зборови што ќе биде мерило за луѓето на Страшниот Суд. Во Царството Небесно ќе влезат оние, кои хранеле гладни. Кои давале вода на жедни. Кои примале и стоплувале бездомници. Се грижеле за болни и ги утешувале заклучените. Ништо друго нема да биде важно во тој страшен час, вели Христос. Само тие прости дела, до кои никако да стигнеме да ги направиме. Не ги правиме тие дела кои се способни да нè спасат на последниот Суд ниту ние, кои се собравме денес во храмот на молитва за Вечноста.

Правиме сè, само не тоа. Се обидуваме суетно да го подобриме светот, да најдеме во него справедливост. Сакаме да победиме политички и социјално, и во таа игра не поштедуваме ништо, па дури ни светињата и верата. Губиме часови, расудувајќи за правилноста на постапките на другите луѓе. Ги делиме луѓето на наши, кои треба да ги имаат нашите погледи и туѓи, кои треба да ги срушиме. И не правиме ништо, што ќе нè спаси во часот на Страшниот суд. Сè нè одвлекува од тоа. И тоа е страшно. Каков одговор ќе Му дадеме на Христос?

И денес, проникнувачки зборови кажува апостол Павле во посланието, кое го слушнавме на Литургијата. Апостолот ги предупредува христијаните на Коринт: „Гледајте, вашата слобода да не стане причина за паѓање на слабите“. Тој зборува за тоа, дека гледајќи ги нашите промашувања, загинуваат наши браќа, за кои умре Христос. Апостол Павле вели, дека ако некое негово дело, па дури и дело на верата, соблазнува друг човек, макар и не директно, тој подобро воопшто нема да го прави. Никогаш.

Други зборови на апостолот за тоа се: Знание надмевает, а любовь назидает “. ПРеведено, тоа би звучело „Знаењето осуетува, а љубовта создава, гради“. Само љубовта е способна да создава, само таа е конструктивна. Знаењата не значат ништо без љубовта. Љубовта ја гради Црквата. А нашето знаење е ограничено. Мојот опит, личниот опит на секого од вас – никогаш нема да биде сличен на опитот (искуството) на другиот човек. И само љубовта може да соедини толку различни, толку несоединливи, во принцип, луѓе.

Затоа, без љубов дури и најдобриот почеток може да прерасне во омраза, насилство и самоволие.

„Гледајте вашата слобода да не стане причина за паѓање“ – апостолот ги предупредува христијаните од своето време. Тие зборови ни се кажани и нам сега. Затоа што слободата без љубов во Христа, многу брзо станува слобода за еден и принуда и соблазна за друг. Границата на слободата на христијанинот е онаму, каде што почнува слободата на личноста на ближниот, слободата на другиот човек.

Денес сакам да зборувам за Христос и за љубовта. Спомнувањето за Страшниот Суд, колку и да звучи парадоксално, пред сè, е разговор за љубовта. Страшниот суд – е суд на љубовта.

Зашто љубовта – е единственото во нашиот свет, што не може да се наметне. Без љубов кон човекот, не може да се зборува за вера во Бога. Дури уште повеќе, без љубов кон човекот невозможна е справедливоста и законите. А што е тоа љубов? Што е љубовта, за која е напишано Евангелието? Имено за тоа е денешниот расказ за Страшниот Суд, кој ни зборува за тоа, дека ако во измачениот, жедниот, избиен и распнат Исус ние сме го препознале образот на реалниот, вистински Човек, ако сме поверувале во Неговите зборови и сме ја нашле во нив вистината, сега тој човек треба да го гледаме во секого кој се наоѓа во темница, болен, гладен, бездомник, кој се смрзнува од студ на скалите на храмот.

Да се гледа во гладниот, бездомниот, болниот и заклучениот – Христос – тоа е важно. Не само високомерно да му се фрли некој денар, но да се однесуваме кон него онака, како што би се однесувале кон Господ, Кој пред нас виси на крстот. Да се види Христос, Кого го љубиш во секој човек – е единствениот начин да се засака тој човек. Затоа, денешната приказна е за љубовта, со која ќе бидеме сите – и јас, и вие. Страшниот Суд – е прашањето: дали ти си сакал некого? Со каква љубов го наполнуваше својот живот и животот на луѓето околу тебе?

Уште една проникнувачка мисла од денешниот ден и евангелието е тоа, дека Бог нема да суди за она, за што судат луѓето. Зашто никого не го обвинуваат за она што не го направил. Што не посетува болни, не храни гладни, не дава вода на жедни. Луѓето не нè судат за она, што не го правиме. Човечкиот закон не бара ништо слично на тоа. Законот ништо не зборува за љубовта. Страшната правда на Евангелието е имено во тоа. Може сиот живот да не нарушиме ниеден закон, но да бидеме осудени на вечна погибел на Судот на Бог.

Затоа што законопослушноста не го оправдува отсуството на љубов пред лицето на Бога. А љубовта, пред сè, се остварува и се докажува преку делата на љубовта. Никакви свети и возвишени зборови немаат сила да ги заменат делата. Никогаш, дури и најпламената проповед нема да биде еднаква на делата на милосрдието – да се нахрани, стопли, утеши, да се даде чаша вода. Тоа е важно да го помниме. Зашто и Христос не го распнале безбожници, туку имено оние луѓе, кои повеќе од сите зборувале за Бога и се молеле во храмот и на улица повеќе од останатите луѓе. Но, и покрај молитвите и постот, не Го препознале Бога, Кој е Љубов. Едноставно не Го виделе Него во Човекот Исус. И Го убиле, и самите загинале.

Со трепет влегував денес во овој дом Божји, величенствениот Исакивски Собор. Со трепет, долго чекана радост, и тревога, затоа што ние, петербуржци, разделувани денес со разногласности, чија основа стана спорот за јуридичкиот статус на ова велико и свето место. Ја разделувам тревогата и надежта и на едните и на другите. Ги разбирам грижите и на едната и на другата страна. Мене ме загрижува прашањето, како ние, христијаните, да не ги соблазниме ближните, по зборовите на апостолот. Не само да не ги соблазниме, туку и да не ги повредиме или понижиме. Сакам да се обратам со зборови на љубов кон сите, кои го заштитуваат храмот, и од едната, и од другата страна.

Дискусијата за статусот на храмот – е нормална појава. Главно е – спорот да не прерасне во непријателство, бунт, омраза. Храмот – не е арена за политичка битка. Сакам да напомнам и на едните, и на другите, дека за Бога нема непријатели, сите ние – сме Негови деца. Сакам да повикам кон взаемен почит и мир. Христијанство – е кога се молиме не за победа во војната, а за победа во мирот. Христијанство – е кога се плашиме да го соблазниме со својата вера ближниот, кој гледајќи на нашите, можеби излишни усилија за запазување на законот, може да се одврати и падне. Со својата радикалност во верата и упорност во својот поглед на правдата никого нема да спасиме, но можеме да ја погубиме верата на ближниот. А за него, на крстот умре Христос. А тоа е она, за што ни напомна денес апостолот Павле.

Сакам да ги поздравам младите луѓе и децата, кои се молеа денес на богослужбата. Повод за денешното торжество станавте имено вие. Божествената Литургија и крсната Литија после неа денес, е во чест на Денот на православната младина. Денес се собравме имено за вас, пријатели. Вие треба да одите пред нас. Вам ви претстои да го живеете светот на иднината, кој нема да биде сличен на светот на нашето поколение. Вие – сте квасот на идното човештво, и во таа смисла, многу зависи од вас. Пред сè, зависи каков ќе биде светот.

Вие треба да станете политичарите на иднината, научниците, бизнисмените, педагозите на иднината, свештениците, и точно од вас зависи, дали ќе се справи нашето општество со негативниот опит од минатото. Бидете добри професионалци. Бидете креативни луѓе, што и да работите: дали ќе им предавате на деца, ќе се занимавате со бизнис, ќе лечите луѓе. Бидете чесни. Научете се да се молите, и вашата молитва нека ви биде ориентир во тешкотиите на животот на возрасните. Не градете ѕидови меѓу себеси и другите луѓе. Не барајте разлики кои ќе ве разделуваат, трудете се да не ги класифицирате луѓето по било какви признаци, и однесувајте се кон сите со еднаква доброжелателност. Не поистоветувајте ги луѓето и нивните гревови, грешки и слабости. Научете се да простувате.

Ако сакате да го најдете Бога, барајте Го во луѓето кои имаат потреба. Меѓу болните, гладните, страдалниците и заклучените; Тој е во болниците, затворите, во домовите. Не се залажувајте со стабилноста и комфортот, нека не бидат тие ориентир на вашиот живот. Светот на комфортот е колеблив, и порано или подоцна ќе заврши, ако не за цело општество, за конкретниот човек сигурно. Не залажувајте се со комфорт и раскош, кои му сметаат на растот во секоја смисла. Учете се да ги надминувате тешкотиите, почесто пресретнувајте ги тешкотиите, и со тоа ќе си овозможите постојано усовршување. Помнете, дека нема ништо поголемо во овој свет од човекот. А уште повеќе од отфрлениот и страдалниот човек. Помогнете му да стане. Така ќе се покажете како помошници на Бога.

Пред нас е Великиот пост, кому му претстои Прошталната недела. Сакам да побарам прошка и за оние, кои во изминатите недели беа невоздржани во зборовите и емоциите, и недостојно се изразуваше за луѓето, падна на соблазните, и мислејќи дека ја заштитува, ѝ нанеси штета на Црквата.

Сега ќе направиме Литија околу храмот. Литијата – не е демонстрација, ниту митинг и не е место за политика и пиари. Литијата – е Богослужба, молитва и пеење во обраќање кон Бога, Богородица и светителите. Пред Бога сите сме еднакви. Смешно и глупаво е да ја оплакуваме пред Него својата политичка и општествена припадност. Да го поминеме тој пат со смирение призивајќи ја благодатта на Светиот Дух и молејќи се за тоа, Христос да ги исцели нашите срца од омраза, непријателство и поделби, и да ни го даде на сите Духот на мирот, кротоста и братољубието. Амин!

Архиепископ Гатчински, + Амвросиј

Извор: http://spbda.ru