Дозволете Ми да се радувам со вас!

Во спомен на Отец Евсевиос Мамакас 29.08.2011, Калимнос Грција 

 

Врати се кај Мене

дури и во твојата  беда.

 I во твојата вина – Јас те прифаќам каков што си.

Јас ти кажувам дека веќе ти простив.

Дозволи ми да ти кажам мое чедо,

Дека нема човек кој има поголема љубов за тебе,

отколку што Јас имам.

Подигни ги твоите очи кон Мене и види кој те моли.

Јас сум Исус, твојот Спасител.

Кој доаѓа кон тебе денес,

зборувајќи преку устата

дури и за најмалку значајниот помеѓу вас.

Бог не прави дискриминации.

Јас доаѓам кај тебе босоног, како сиромашен,

да побарам возврат на љубовта.

Јас го барам твоето срце. Те молам не одбивај Ме.

Ден и ноќ ја протегам мојата Рака за тебе –

кога ќе дојдеш кај Мене?

Кога ќе го слушнам твојот одговор?

Дали Јас ќе најдам одговор во оваа дивина мое чедо?

За тебе  е создадено се!

Јас сум твој Светител, но во твоето време

Јас сум распнат повторно.

Јас сум Оној, Кој те сака многу.

Како и да е, Јас сум Оној Кој е безмилосно прогонуван

 од рамнодушноста на овие денови

Јас сум Светлината на светот,

која доаѓа во овој мрачен период,

Да ти ја даде Светлината на Животот

Нека мирот биде со вас, мои чеда.

Јас ви го нудам Мојот мир.

Јас ви ја нудам  мојата Љубов.

Дојдете кај мене какви што сте .

Не чекајте да станете светители,

за да дојдете кај Мене.

Дојдете кај Мене какви што сте, не бидете исплашени.

Јас сум вашиот искрен и верен татко.

Како може некој од вас да се сомнева?

Зар се сомневате во мојата Љубов?

Дојдете поблиску сите вие заскитани во оваа дивина.

Дојдете кај Мене, непорочни и чисти.

Дозволете ми да се радувам со вас.

Подготви: Елена Стојановски