Благодарниот човек е радосен човек – Старец Тадеј Витовнички

Родителите секогаш сакаат нивните деца да бидат среќни, исполнети и благодарни кон нив за сета нивна работа и жртва. Затоа кога ги гледаат нивните деца во лошо расположение и неблагодарни, тие се нажалени. Истото е и со нашиот Небесен Татко. Тој ни даде нас сè, a ние секогаш сме незадоволни и мрачни. Наместо да размислуваме да го прославиме Бог за сè, ние само ја изразуваме нашата благодарност со нашите усни, а нашите срца остануваат ладни. Радоста е благодарност, и кога сме радосни, тоа е најдоброто изразување на благодарност кое можеме да го понудиме на Господ, Кој нè избавува од тага и грев.

Старец Тадеј Витовнички

Превод: Дамјан Божиновски