Од Писмата на отец Серафим (Роуз) / Писмо 29-то

Март 8/21, 1970

Св. Теофилакт

Ваше Преосвештенство (eпископ Теодосиј од Алјаска):

Ви благодариме за Вашиот учтив одговор на нашето писмо, пратено преку отец Давид Блек. Особено сме трогнати од иконата на Св. Теодосиј, кој што длабоко го почитуваме.

Навраќајки се на житиeто од Светиот Теодосиј, напишано од нашиот Архиепископ Антониј од Сан Франциско, кое се надеваме да го преведиме и испечатиме во идните изданија на „Православно Слово“, ја најдовме следнава забелешка направена од страна на Архиепископот Антониј, која што сакаме да ја споделиме со Вас.

„Еден мала честичка од моштите на Св. Теодосиј дојде како чудесен благослов за нашето братство од Свети Јов Почаевски, и беше ставена во иконата на Светиите насликана од Архимандритот Кипријан. Оваа икона беше дадена како дар и благослов од Неговото Преосвештенство Митрополитот Анастасиј на Соборот на Американската Митрополија, наменета за градот Кливленд, за соборната црква Св. Теодосиј. Потоа погубниот декрет на Соборот нè раздели. Нека оваа икона биде залог на идното обединување, кое сите го посакуваме“.

По молитвите на Св. Теодосиј и преподобниот отец Герман, нека ова обединување се оствари за оние кои вистински го посакуваат тоа!

Со сета почит и љубов во Христа, нашиот Спасител,

чтец  Евгениј Роуз

чтец Глеб Подмошенскиј

П.С. Дали вашето Преосвештенство ќе ни дозволи да ја употребиме иконата која што ни ја пративте како илустрација за нашето Житие на Св. Теодосиј? Ако дозволувате, дали може да ни испратите уште една копија од која би направиле препечатување? Ако имате и други илустрации соодветни за житието, би биле многу благодарни на можноста да ги употребиме. Имаме видено, но сега не можеме да добиеме, фотографија од  верните држејќи ги моштите на Св. Теодосиј откако Советот се обиде да ги осквернави.

Превод: Елена Богдановска