На што треба да обрнеме внимание во Великиот пост? (фото: Божествена Литургија во Пресвета Богородица)

– Старче, на што треба да обрнеме посебно внимание во Великиот пост?

– На благородството, на духовното благородство.

– Зарем Великиот пост – не е време, главно предвидено за покајание?

– Духовното благородство – е духовно превосходство, пожртвуваност. Благородната душа бара само од себеси, но не и од другите. Се жртвува себеси заради другите, не барајќи награда. Заборава за тоа дека дава, но ја помни секоја ситница, која ја добива. Има љубочестие, смирение, простота, бескорисност, чесност… сè има. Поседува и најголема радост и духовна веселба, ликување. Духовното благородство ја носи благодатта Божја, тоа е, може да се каже, Божествено својство. Каде што има благородност, таму има тишина, незабележливост, затоа таму се успокојува Христос и живее Христовиот благослов.

Старец Пајсиј Светогорец

20160319_090514 20160319_090520 20160319_090556 20160319_090601 20160319_090606

(фото Галерија од денешната Света Литургија, во спомен на св. Теодор Тирон, во храмот Пресвета Богородица во Битола)