Моите деца се однесуваат кон мене, како кон Господ

Го прашале еден родител:

– Како се однесуваат децата твои кон тебе?

– Децата мои? Како кон Господ!

– Навистина?! Како тоа?

– Па, речиси воопшто не ме слушаат, ако побарам нешто од нив, не го исполнуваат. А некогаш дури и се однесуваат како да не постојам. Но, ако им затреба нешто – одма викаат…