Архиерејска Литургија во Прилеп (Тодорова Сабота)

На 19.03.2016 г, во првата сабота од Великиот пост, посветена на светиот маченик Теодор Тирон, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение, во Прилеп. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

При исполнувањето пак на Исусовата молитва и воопшто на молитвата, целосна и верна заштита е смирението наречено плач. Плачот е срдечно чувство на покајание, спасителна тага, заради гревовноста и разнообразните, многучислени слабости на човекот. Плачот е смирен дух, срце понизно и смирено кое Бог нема да го отфрли, т.е. нема да го предаде во власта на демоните како што го предава гордото срце, исполнето со самоувереност, самопреценување и суета. Плачот е онаа единствена жртва која Бог ја прима од паднатиот човечки дух до обновувањето на човечкиот дух од Светиот Дух Божји. Нека биде нашата молитва проникната од чувството на покајание, нека се соедини со плачот и прелеста никогаш не ќе подејствува во нас.

Свети Игнатиј Брјанчанинов

P1260882 P1260919

Премини кон галерија