Архиерејска Литургија во храмот на Светите Архангели – Довлеџик

На 04.06.2016 г., во Неделата на слепородениот, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во црквата на Светите Архангели во Довлеџик.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Радувајте се на сè што нè  опкружува! Сè нè поучува и води кон Бог. Сè што е околу нас се капки на љубовта Божја – и вештествената и невештествената твар, и растенијата, и животните, и птиците, и планините, и морето, и зајдисонцето, и ѕвезденото небо. Тоа се мали љубови, преку кои се стигнува до големата Љубов, до Христос. На пример, цвеќето има своја убавина и нè поучува со својот прекрасен мирис и величествена убавина. Тоа ни зборува за љубовта Божја. Својата арома и убавина великодушно им ја дарува и на грешниците и на праведниците.

– старец Порфириј

P1290801 P1290819 P1290861 P1290868 P1290870

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА