Архиерејска Божествена Литургија во Ресен – Крстовден

На 27.09.2016 г., на празникот Воздвижение на Чесниот Крст Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Кирил и Методиј, во Ресен, каде го благослови почетокот на Преспанскиот јаболкобер. 

„Не те сакаат – ти сакај ги нив; тоа, што не те сакаат, не зависи од тебе, а да ги љубиш нив, зависи од твојата волја и е твоја обврска, зашто Господ заповедал: да ги љубиме не оние кои не сакаат, но непријателите (Мт. 5, 44), а кога во нас тоа го нема, тогаш колку повеќе треба да се смируваме и да ја прогонуваме гордоста, и да се молиме за тоа на Господа“.

Преп. Макариј Оптински

p1330700 p1330703 p1330706 p1330732

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА